Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Известување
Во врска со објавата бр.1/2022 за продажба на движни ствари – транспортни средства во сопственост на ЈПКД „Комуналец-Полин“ СтарДојран, Ве известуваме дека јавното електронско наддавање се презакажува на ден 13.06.2022 (понеделник) со почеток : -За возилото под реден број 1 од 11:00 часот; -За возилото под реден број 2 од 11:30 часот; -За возилото под реден број 3 од 12:00 часот; -За возилото под реден број 4 од 12:30 часот; -За возилото под реден број 5 од 13:00 часот; -За возилото под реден број 6 од 13:30 часот; -За возилото под реден број 7 од 14:00 часот.
01.06.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
ОБЈАВА БР. 1/2022 за продажба на движни ствари – транспортни средства во сопственост на ЈПКД Комуналец-Полин Стар Дојран во постапка со електронско јавно наддавање
Предмет на оваа објава е продажба на движни ствари во сопственост на ЈПКД Комуналец-Полин Стар Дојран со електронско јавно наддавање: 1. FIAT TIPO DS 2. LADA KARAVAN 3. Камион TAM 2000 4. LADA NIVA 5. Камион FAP Kiper 6. DACIA PICK UP 7. Камион MERCEDES 1213 Постапката за продажба ќе се спроведува преку електронскиот систем за јавно наддавање http://www.e-stvari.mk. За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секој заинтересиран учесник треба претходно да се регистрира на страната http://www.e-stvari.mk. Доколку понудувачот e веќе регистриран се најавува со постоечките корисничко име и лозинка. Потребни документи кон пријавата за електронско јавно наддавање: 1. Пријава за учество (со точна назнака за возилото/возилата за кои се поднесува пријавата) 2. Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во објавата 3. Изјава за давање согласност за користење и обработка на лични податоци 4. Изјава за сериозност на понудата 5. Доказ за идентитет на правните субјекти: -Тековна состојба од Централен Регистар на РСМ (не постара од шест месеци од денот утврден как краен рок за поднесување на пријавите за учество); -Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката. 6. Доказ за идентитет на физички лица: - копија од важечка лична карта или важечка патна исправа; - Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката.
27.05.2022 Повеќе
На 2 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Нов Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека денес 19.05.2022 година (четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран поради настанат дефект на главната водоводна линија на улицата Едвард Кардељ. Во моментот се работи на отстранување на дефектот и се очекува прекнот да трае најкасно до 13 часот.
19.05.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека денес 17.05.2022 година (вторник) ќе биде прекинато водоснабдувањето во Стар Дојран. Се работи на отстранување на дефекти на секундарна водоводна линија. Се очекува нормализирање на водоснабдувањето до 14:00 часот.
17.05.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Известување
Почитувани, Ве известуваме дека поради поголем проблем со водоводниот крак што оди кон повисоките делови од Стар Дојран, домаќинствата на ул.Браќа Миладинови, ул.Илинденска и ул.Гоце Делчев ќе бидат со слаб притисок или воопшто ќе немаат вода до вторник,26.04.2022 година. Во меѓувреме се носи техничка вода со цистерна до сите домаќинства засегнати со овој проблем. Големо извинување за проблемите со кои се соочуваме за време на велигденските празници. Ве замолуваме за разбирање и трпение се до конечно завршување на овој проблем.
23.04.2022 Повеќе
На 5 луѓе и се допаѓа ова
Светски ден на водата
Од 1993 година со одлука на Генералното собрание на ОН секоја година на 22 март се одбележува Светскиот ден на водата со цел да се подигне свеста на јавноста за важноста на водата и да се промовира одржливото користење на постоечките водени ресурси. Идејата за одбележување на Светскиот ден на водата потекнува од 1992, кога се одржала и Конференцијата за животна средина и развој во ОН. Токму тогаш од страна на Собранието на ОН, 22 март се одредува како Светски ден на водата, чие одбележување започнува од 1993. Светскиот ден на водата ја слави водата како основна човечка потреба. Водата значи живот, потребна е за пиење, како и за одржување на санитарните услови и хигиената, одржување на живтот и здравјето. Водата е присутна во секој сегмент од нашиот живот. Денес водата е под екстремна закана од се поголемиот број на население на светско ниво, влијанието на стопанството и индустриските капацитети, како и влијанието на климатските промени. Улогата на водата во нашиот живот многу често се занемарува, но вредноста на водата е всушност бесценета. Затоа се апелира секој од нас да превземе акција, да ја чуваме водата и одговорно да се однесуваме кон неа и природните водни ресурси, оттаму доаѓа изворот на нашето здравје, изворот на животот.
22.03.2022 Повеќе
На 2 луѓе и се допаѓа ова
Среќен 8ми Март!
Денес е Меѓународен ден на жената и по тој повод им го честитаме празникот на сите жени! Борете се за своите права, бидете успешни и истрајни. Среќен 8ми Март!
08.03.2022 Повеќе
На 1 луѓе и се допаѓа ова
Известување во врска со прекин на водоснабдување
Еипата на ЈПКД Комуналец Полин без престан веќе повеќе од 24 часа работи и ќе остане на терен сè додека не биде пуштена водата. Ги замолуваме нашите корисници да бидат малку потрпеливи. Доколку активностите се одвиваат во најдобар ред се очекува комплетно нормализирање на водоснабдувањето до попладневните часови. Ви благодариме за истрајноста и разбирањето.
20.02.2022 Повеќе
На 2 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 18.02.2022 година (петок) на целото подрачје на Стар Дојран ќе има прекин на водоснабдувањето. Причина е промена на пумпен агрегат на бунарското подрачје. Прекинот ќе трае до доцните вечерни часови сè до завршување на активностите.
18.02.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Нов Дојран
Почитувани, Ве известуваме дека поради тековно одржување на линијата, водоснабдувањето на цела територија на Нов Дојран ќе биде прекинато се до утрешните попладневни часови. Ве молиме за разбирање.
18.02.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова