08.10.2019 17:29:00
Септемвриски активности на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" Стар Дојран
Покрај секојдневните редовни активности, во текот на месец септември екипите на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" беа поинтензивно ангажирани околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Беше извршена акција за чистење на каналот за атмосферски води во Нов Дојран, каде што беа отстранети наталожениот смет и останатите фрлени отпадоци. Заради поголема прегледност на возачите, искосена е тревата покрај рекреативно пешачката патека помеѓу Стар и Нов Дојран, а со помош на возило на кое има приклучено косачка исечени се гранките и трњата покрај истата. Исто така, беше извршена интервенција на улицата над паркот во Нов Дојран, при што е саниран дефект на водоводната мрежа. Согласно потребите на граѓаните и поради одржување на квалитетот на јавната чистота беа поставени и нови контејнери на повеќе локации. Со цел за поефективно собирање на паднатите лисја во есенскиот период што следува, набавена е и нова смукалка за собирање на лисја и ситни отпадоци наменета за употреба по јавните површини. Екипите на ЈПКД ,,Комуналец- Полин" ќе продолжат и понатаму со сите потребни активности со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во општина Дојран.
На 10 луѓе и се допаѓа ова