30.06.2020 21:54:00
Поставување нова пумпа на бунарско подрачје Деребаш
Почитувани корисници, од вчера вечерта се почна со поставување на нова пумпа за водоснабдување на бунарско подрачје Деребаш на поголема длабочина со цел стабилизирање на водоснабдувањето за жителите од Стар Дојран. Со ова ќе се добие поголема количина на вода која ќе ги задоволи зголемените потреби во тек на летната сезона.
Ве молиме за трпение уште денеска и се надеваме дека во текот на попладневните часови сите делови од Стар Дојран ќе добијат константен притисок на вода. Уште еднаш, благодарност за Вашето трпение.
На 35 луѓе и се допаѓа ова