05.06.2020 18:52:00
Активности на ЈПКД Комуналец-Полин
Во изминативе денови ЈПКД Комуналец-Полин спроведе дел активности како почеток на подготовките за претстојната туристичка сезона. Се започнува со расчистување и порамнување на плажите. Просторот околу пешачката патека од Нов до Стар Дојран обраснат со треви и жбунови е расчистен. Се уредуваат жардинериите на шеталиштето во Стар Дојран и се посадени нови цвеќиња во истите. Изведена е и нова секундарна канализациона мрежа во должина од околу 70м на улицата „Кочо Рацин“ во Сретеново, Стар Дојран.
На 42 луѓе и се допаѓа ова