За нас


 

Основање

  • Јавното претпријатие за комунални дејности "Комуналец-Полин" Стар Дојран е во сопственост на Општина Дојран со седиште во Стар Дојран и е основано со Одлука за основање на Јавно претпријатие за комунални дејности Комуналец-Полин Стар Дојран бр.07-26/4 од 04.12.1998 година донесена од Советот на Општина Дојран, и е регистрирано со Решение на Основен суд Скопје I –Скопје ,трег.бр.12855/98 од 22.01.1999 година.
  • Општина Дојран со седиште во Стар Дојран е основач на Јавното прептријатие и ги има сите права и обврски кои произлегуваат од Законот и другите прописи.
  • Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец-Полин Стар Дојран е основано за вршење комунална дејност како дејност од јавен интерес на подрачјето на Општина Дојран со седиште во Стар Дојран.