21.04.2021 21:11:00
ПЛАТИ БРЗО И ЛЕСНО ПРЕКУ НАШИТЕ СЕРВИСИ ЗА ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ
ЈПКД Комуналец-Полин по барање на своите корисници, а со цел заштедување време, пари и енергија, овозможува нови услуги за онлајн плаќање на фактурите. Услугите може да ги најдете на нашата веб страница www.komunalecpolin.mk.
Доколку сакате да извршите брзо плаќање БЕЗ РЕГИСТРАЦИЈА
на профил потребно е да ја изберете опцијата ПЛАТИ БРЗО. Со оваа услуга сега сите корисници ќе можат брзо, лесно и сигурно да ги платат тековните, како и заостанатите
фактури или други долгови без никаква провизија и без чекање ред во банка.
Сè што е потребно е да внесете податоци за Вашата корисничка шифра, реон, број на фактура и година кога
е издадена фактурата. Сите овие податоци ги имате наведено во самата фактура која ќе ја плаќате.
Покрај услугата за брзо плаќање сега секој корисник ќе може да има и детален преглед на состојбата на
фактурите, ќе може да ги проверува и да превзема копија од истите. За да ја користите оваа услуга потребно е да
ја изберете опцијата МОЈ ЈПКД и да отворите корисничка сметка за која ќе Ви биде потребна регистрација.
Регистрација се врши така што внесувате точна емаил адреса на која ќе Ви биде пратена порака за потврда на регистрација.
По успешната потврда се враќате на страната за најава и ги внесувате Вашите податоци за најава.Откако ќе се најавите ќе се отвори страна за комплетирање на регистрацијата при што ќе треба да ги внесете точните податоци за Вашата шифра, реон, адреса, место и број на некоја од последните фактури и опционално повикување на број од таа фактура. Доколку внесените податоци се совпаѓаат системот автоматски ќе Ве одобри и ќе се отвори МОЈ ЈПКД. Во случај да не се совпаѓаат податоците ќе треба да почекате одобрување од наша страна.
Доколку имате било какви нејаснотии во врска со користење на овие услуги, на самата страна имате детално упатство
за користење на истите кое може да го најдете кликнувајќи на опцијата ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА УСЛУГИТЕ.
Услугите за онлајн плаќање се и одлична можност и се надеваме ќе биде големо олеснување за сите оние корисници
чие што постојано место на живеење им е надвор од општината Дојран.
На 37 луѓе и се допаѓа ова