Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
ЈПКД „Комуналец-Полин„ Стар Дојран, има потреба од вработување на даватели на услуга на
неопределено време за следното работно место:
1.1. Назив Водоинсталатер - 1 извршител;
Со шифра КДР 0305 В01 004, во Одделение за водовод и канализација
Опис на работнот место: Управува при санација на дефекти на водоводната и канализационата
мрежа,изработува нови приклучоци,монтирање нова водоводна и канализациона мрежа и реконструкција
на веќе постоечаката водоводна и канализациона мрежа.
Посебни услови:
- Најмалку ниво на квалификации I, или основно образование
- Најмалку една година работно искуство за ниво В1
Паричен износ на Нето плата: 25.000,00 денари.
Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно, понеделник-петок.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови :
- Да се државјани на Р.С.М.
- Активно да го користат македонскиот јазик;
-Да се полнолетни;
-Да има општа здравствена способност за работното место и
-Со правосилна судска пресуда да не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или
должност;
Кандидатите доставаат пријава која треба да содржи:
1. Лични податоци на кандидатот
2. Податоци за исполнување на општи услови
3. Податоци за исполнување на посебните услови
4. Изјава,под материјална и кривична одговорност,со потврда дека податоците во пријавата се
точни,а доставените докази верни на оргиналот
5. Докази за исполнување на општите и посебните услови:
- Уверение за државјанство не постар од 6 месеци;
- Извод од матична книга на родените;
- Диплома за завршено соодветно образование;
-Доказ за општа здравствена способност за работно место;
-Доказ дека со праволсилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција за
вршење на професија,дејност или должност;
-потврда за работно искуство,доколку е потребно за работното место
6.Дата на пријавување и потпис на кандидатот.
Постапката за селекција и вработување на даватели на услуги во јавното претпријатие за
извршителското место по реден број 1.1 се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за
вработување, со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и
интервју,согласно Законот за јавни претпријатија.
Огласот ќе трае 15 (петнаесет) дена, за работното место под реден број 1.1 сметано од денот на
објавувањето на огласот во дневниот печат во три дневни весника од кои еден од весниците што се
издаваат на јазикот што го зборуваат наамалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен весник,различен
од македонскиот.
Образецот на пријававата за вработување се подига од Архивата на ЈПКД„Комуналец-Полин“ Стар
Дојран.Кон пријавата кандидатите задолжително ги приложуваат потребните докази за податоците внесени
во истата.
Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават писмено, во затворен коверт на
следната адреса: ЈПКД ,,Комуналец –Полин „ ул. Кеј 5-ти Ноември бр.2 Стар Дојран (со назнака ,, за оглас за
вработување„) или со препорачена пратка,со назнака „За јавен оглас 01/2025“.
16.07.2025
Повеќе
Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп на движни ствари со надомест за период од 5 (пет) години сметано од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач. Повикот трае почнувајќи од 16.05.2025 год.(петок) до 26.05.2025 год.(понеделник). Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страната http://www.e-stvari.mk на ден 30.05.2025 год.(петок) во 10:00 часот.
15.05.2025
Повеќе
Ги известуваме корисниците кои се снабдуваат со вода од водоснабдителниот систем на Стар Дојран дека поради зачестени активности врз водоводната мрежа и санации на дефекти неопходно е да извршиме хиперхлорирање на водата, односно процес на дезинфекција на водоводниот систем со хлор. Препорачуваме додека трае овој процес, во периодот од 18:00 часот денес (23.01.2025) па до 08:00 часот утре (24.01.2025), водата да не се користи за пиење, туку само за санитарни потреби.
23.01.2025
Повеќе
Ги известуваме жителите на општина Дојран дека поради честите дефекти и исклучувања на водоснабдителната мрежа предзивикана е нестабилност и варијабилност на физичко-хемиските параметри на водата кои влијаат врз нејзиниот квалитет. Ве известуваме во наредниот период водата од мерното место водоводна мрежа Стар Дојран да се користи само како техничка вода поради зголемено покачување на параметрите на арсен во водата согласно пропишаниот правилник за безбедност и квалитет на водата. Ве замолуваме за ваше разбирање се додека не дојде до стабилизирање на физичко-хемиските параметри.
16.12.2024
Повеќе
"Селектирај отпад" е општествено одговорна апликација и проект за собирање на селектираниот отпад директно од домаќинствата. Поддржувајќи ја оваа иницијатива, наша цел е да ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат во селектирањето на отпадот за да се унапреди квалитетот на животната средина во општина Дојран.
Селектирај Отпад е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на селектирање и собирање на отпадот директно од вашиот дом, а која нуди можност и за личен паричен бенефит од својата акција.
Сите оние кои се ентузијасти и кои сакаат да направат позитивен импакт врз животната средина и да придонесат во унапредување на третирањето на отпадот во општина Дојран ги повикуваме да се вклучат во селектирање на хартија, пластика и лименки.
Секој граѓанин кој сака да се вклучи во оваа иницијатива, тоа може да го направи во неколку чекори:
1. Подигнувате специјални ќеси за отпад од ЈПКД "Комуналец - Полин Дојран" (сина за хартија, а жолта за пластика и лименки),
2. Правилно ги полните ќесите со селектиран отпад,
3. Го скенирате QR кодот кога ќесата ќе биде полна.
4. Закажете термин преку апликацијата за да ги предадете ќесите на собирачот кој доаѓа директно пред вашиот дом.
5. Вторник е денот за предавање на пластиката односно жолтите ќеси, во четврток се предава хартијата односно сина ќеса.
6. Штом ќесите се полни со селектиран отпад и скенирани преку апликацијата Селектирај отпад, во одредениот ден оставете ја полната ќеса до вашите канти за отпад или на соодветно место надвор од дворното место за да може да биде подигната од страна на вработените во комуналното претпријатие.
Апликацијата можете да ја симните од PlayStore и AppStore, а сите информации и новости можете да ги дознавате преку facebook страната @Selektiraj Otpad.
07.02.2024
Повеќе
Денес официјално како дел од проектот за санација и реконструкција на колекторскиот систем започнаа активностите кои опфаќаат чистење на главната канализациона мрежа, односно темелно чистење на колектроските пумпни станици почнувајќи од пумпната станица број еден кај местото Мрдаја продолжувајќи се до главната колекторска станица во Нов Дојран.
31.10.2023
Повеќе
Ве известуваме дека поради акцијата за делумно расчистување на џбунеста вегетација (трње, диви капини и др.) покрај патеката за пешачење од Стар Дојран до Нов Дојран, како и потребата за влез на возилото за изведување на самата интервенција, клупите се привремено отстранети. Во меѓувреме, додека трае расчистувањето на патеката, клупите ќе бидат поправени, реставрирани, исфарбани и вратени на истото место каде што граѓаните ќе можат да одмараат.
30.05.2023
Повеќе
ЈПКД „Комуналец-Полин“ Стар Дојран започнува со активности за откривање на непријавени водоводни приклучоци на водоснабдителниот систем и откривање на манипулации со водомерите и приклучоците од водомерните шахти од страна на корисниците на услугите кои имаат водоводен приклучок со водомерна шахта и водомер.
Ги повикуваме сите корисници на услуги на водоснабдителниот систем кои имаат непријавен приклучок и неисправен водомер во рок од 15 дена да поднесат барање за приклучок на водоснабдителниот систем и барање за поставување на исправен водомер до ЈПКД „Комуналец-Полин „ Стар Дојран, во спротивно за сите случаи што ќе бидат откриени од овластените лица на ЈПКД „Комуналец-Полин“ Стар Дојран ќе бидат превземени понатамошни дејствија согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води.
22.05.2023
Повеќе
Ве известуваме дека прекинот на водоснабдувањето во Нов Дојран е поради настанат дефект на главната водоводна линија и ќе трае до негово санирање, најкасно до 14:00 часот.
16.01.2023
Повеќе
Почитувани,
Ги известуваме жителите од Нов Дојран дека ќе има промена во распоредот на подигање на комунален отпад од домаќинствата. Наместо во петок 06.01.2023, сметот ќе биде подигнат утре 05.01.2023 четврток. Ви посакуваме убави празнични денови.
05.01.2023
Повеќе