16.07.2025 10:44:00
Јавен оглас бр.1/2025 за засновање работен однос на неопределено време
ЈПКД „Комуналец-Полин„ Стар Дојран, има потреба од вработување на даватели на услуга на неопределено време за следното работно место: 1.1. Назив Водоинсталатер - 1 извршител; Со шифра КДР 0305 В01 004, во Одделение за водовод и канализација Опис на работнот место: Управува при санација на дефекти на водоводната и канализационата мрежа,изработува нови приклучоци,монтирање нова водоводна и канализациона мрежа и реконструкција на веќе постоечаката водоводна и канализациона мрежа. Посебни услови: - Најмалку ниво на квалификации I, или основно образование - Најмалку една година работно искуство за ниво В1 Паричен износ на Нето плата: 25.000,00 денари. Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно, понеделник-петок. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови : - Да се државјани на Р.С.М. - Активно да го користат македонскиот јазик; -Да се полнолетни; -Да има општа здравствена способност за работното место и -Со правосилна судска пресуда да не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност; Кандидатите доставаат пријава која треба да содржи: 1. Лични податоци на кандидатот 2. Податоци за исполнување на општи услови 3. Податоци за исполнување на посебните услови 4. Изјава,под материјална и кривична одговорност,со потврда дека податоците во пријавата се точни,а доставените докази верни на оргиналот 5. Докази за исполнување на општите и посебните услови: - Уверение за државјанство не постар од 6 месеци; - Извод од матична книга на родените; - Диплома за завршено соодветно образование; -Доказ за општа здравствена способност за работно место; -Доказ дека со праволсилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција за вршење на професија,дејност или должност; -потврда за работно искуство,доколку е потребно за работното место 6.Дата на пријавување и потпис на кандидатот. Постапката за селекција и вработување на даватели на услуги во јавното претпријатие за извршителското место по реден број 1.1 се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување, со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и интервју,согласно Законот за јавни претпријатија. Огласот ќе трае 15 (петнаесет) дена, за работното место под реден број 1.1 сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат во три дневни весника од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат наамалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен весник,различен од македонскиот. Образецот на пријававата за вработување се подига од Архивата на ЈПКД„Комуналец-Полин“ Стар Дојран.Кон пријавата кандидатите задолжително ги приложуваат потребните докази за податоците внесени во истата. Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават писмено, во затворен коверт на следната адреса: ЈПКД ,,Комуналец –Полин „ ул. Кеј 5-ти Ноември бр.2 Стар Дојран (со назнака ,, за оглас за вработување„) или со препорачена пратка,со назнака „За јавен оглас 01/2025“.
На 0 луѓе и се допаѓа ова