31.07.2026 11:00:00
Известување
ЈПКД „Комуналец-Полин“ Стар Дојран ја информира јавноста дека редовно и континуирано се врши хлорирање на водоводната мрежа. Во моментот водата е бактериолошки безбедна. Сепак, поради физичко-хемиски варијации во вредностите, водата во овој период сеуште официјално се води како техничка вода. Сакаме да ги известиме граѓаните дека поради честите проблеми со кратки исклучувања на електричната енергија во регионот се случуваат дефекти на водоводниот систем. Овие прекини на струјата може да предизвикаат и привремени исклучувања на пумпите и проблеми во снабдувањето со вода. Комуналното претпријатие будно ја следи состојбата на терен. За секое евентуално исклучување или дефект, јавноста ќе биде благовремено и редовно известувана. Ви благодариме на разбирањето.
На 0 луѓе и се допаѓа ова