Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Почитувани корисници, Ве известуваме дека денес 19.05.2022 година (четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран поради настанат дефект на главната водоводна линија на улицата Едвард Кардељ. Во моментот се работи на отстранување на дефектот и се очекува прекнот да трае најкасно до 13 часот.
19.05.2022
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека денес 17.05.2022 година (вторник) ќе биде прекинато водоснабдувањето во Стар Дојран.
Се работи на отстранување на дефекти на секундарна водоводна линија. Се очекува нормализирање на водоснабдувањето до 14:00 часот.
17.05.2022
Повеќе
Почитувани,
Ве известуваме дека поради поголем проблем со водоводниот крак што оди кон повисоките делови од Стар Дојран, домаќинствата на ул.Браќа Миладинови, ул.Илинденска и ул.Гоце Делчев ќе бидат со слаб притисок или воопшто ќе немаат вода до вторник,26.04.2022 година. Во меѓувреме се носи техничка вода со цистерна до сите домаќинства засегнати со овој проблем. Големо извинување за проблемите со кои се соочуваме за време на велигденските празници. Ве замолуваме за разбирање и трпение се до конечно завршување на овој проблем.
23.04.2022
Повеќе
Од 1993 година со одлука на Генералното собрание на ОН секоја година на 22 март се одбележува Светскиот ден на водата со цел да се подигне свеста на јавноста за важноста на водата и да се промовира одржливото користење на постоечките водени ресурси.
Идејата за одбележување на Светскиот ден на водата потекнува од 1992, кога се одржала и Конференцијата за животна средина и развој во ОН. Токму тогаш од страна на Собранието на ОН, 22 март се одредува како Светски ден на водата, чие одбележување започнува од 1993. Светскиот ден на водата ја слави водата како основна човечка потреба. Водата значи живот, потребна е за пиење, како и за одржување на санитарните услови и хигиената, одржување на живтот и здравјето. Водата е присутна во секој сегмент од нашиот живот. Денес водата е под екстремна закана од се поголемиот број на население на светско ниво, влијанието на стопанството и индустриските капацитети, како и влијанието на климатските промени.
Улогата на водата во нашиот живот многу често се занемарува, но вредноста на водата е всушност бесценета.
Затоа се апелира секој од нас да превземе акција, да ја чуваме водата и одговорно да се однесуваме кон неа и природните водни ресурси, оттаму доаѓа изворот на нашето здравје, изворот на животот.
22.03.2022
Повеќе
Денес е Меѓународен ден на жената и по тој повод им го честитаме празникот на сите жени! Борете се за своите права, бидете успешни и истрајни. Среќен 8ми Март!
08.03.2022
Повеќе
Еипата на ЈПКД Комуналец Полин без престан веќе повеќе од 24 часа работи и ќе остане на терен сè додека не биде пуштена водата.
Ги замолуваме нашите корисници да бидат малку потрпеливи. Доколку активностите се одвиваат во најдобар ред се очекува комплетно нормализирање на водоснабдувањето до попладневните часови.
Ви благодариме за истрајноста и разбирањето.
20.02.2022
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 18.02.2022 година (петок) на целото подрачје на Стар Дојран ќе има прекин на водоснабдувањето. Причина е промена на пумпен агрегат на бунарското подрачје. Прекинот ќе трае до доцните вечерни часови сè до завршување на активностите.
18.02.2022
Повеќе
Почитувани, Ве известуваме дека поради тековно одржување на линијата, водоснабдувањето на цела територија на Нов Дојран ќе биде прекинато се до утрешните попладневни часови.
Ве молиме за разбирање.
18.02.2022
Повеќе
Почитувани,
Ве известуваме дека утре 18.01.2022 година (вторник) во населеното место Стар Дојран во временскиот период од 09:00 до 14:00 часот ќе има прекин во испораката на вода до корисниците. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради тековно одржување на водоводната линија.
Ве молиме за разбирање.
17.01.2022
Повеќе
Нека е честит и за многу години Бадник.
Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Христос. Нека донесе здравје, мир, љубов и спокојство во секој дом.
07.01.2022
Повеќе