22.03.2022 10:00:00
Светски ден на водата
Од 1993 година со одлука на Генералното собрание на ОН секоја година на 22 март се одбележува Светскиот ден на водата со цел да се подигне свеста на јавноста за важноста на водата и да се промовира одржливото користење на постоечките водени ресурси.
Идејата за одбележување на Светскиот ден на водата потекнува од 1992, кога се одржала и Конференцијата за животна средина и развој во ОН. Токму тогаш од страна на Собранието на ОН, 22 март се одредува како Светски ден на водата, чие одбележување започнува од 1993. Светскиот ден на водата ја слави водата како основна човечка потреба. Водата значи живот, потребна е за пиење, како и за одржување на санитарните услови и хигиената, одржување на живтот и здравјето. Водата е присутна во секој сегмент од нашиот живот. Денес водата е под екстремна закана од се поголемиот број на население на светско ниво, влијанието на стопанството и индустриските капацитети, како и влијанието на климатските промени.
Улогата на водата во нашиот живот многу често се занемарува, но вредноста на водата е всушност бесценета.
Затоа се апелира секој од нас да превземе акција, да ја чуваме водата и одговорно да се однесуваме кон неа и природните водни ресурси, оттаму доаѓа изворот на нашето здравје, изворот на животот.
На 2 луѓе и се допаѓа ова