Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Почитувани,
Ве известуваме дека денес 30.11.2021 година (вторник) поради настанат дефект на водоводната мрежа во Нов Дојран ќе има прекин на водоснабдувањето. Прекинот ќе започне во 08:30 часот. Се очекува дефектот да биде саниран и водата да биде пуштена до 12:30 часот.
Ве молиме за разбирање.
30.11.2021
Повеќе
Изведена е нова водоводна линија во должина од 300м во населбата Калдрма во Нов Дојран со полиетиленска инсталација f-90mm, со вграден надземен хидрант.
Инвестицијата за изведбата е од сопствени средства на ЈПКД „Комуналец-Полин“ согласно програмата за работа.
25.11.2021
Повеќе
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 17.11.2021 година (среда) во населеното место Стар Дојран во времескиот период од 08:00 до 13:00 часот ќе има прекин во испораката на вода до корисниците. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради тековни интервенции во одржувањето на водоводниот систем.
16.11.2021
Повеќе
Почитувани,
Ве известуваме дека денес 21.10.2021 (четврток) поради извршување на активности поврзани со тековното одржување на водоводната мрежа, ќе биде прекинато водоснабдувањето во Нов Дојран.
Прекинот ќе започне во 08:00 часот и се очекува да трае до 12:30 часот.
20.10.2021
Повеќе
Нека ни е среќен и долговечен празникот
11 Октомври - Денот на Народното востание!
11.10.2021
Повеќе
Нека ни е честит големиот јубилеј 30 години независна и суверена Република Северна Македонија!
08.09.2021
Повеќе
Во тек е акција за расчистување и порамнување на депонијата „Карач“ во Стар Дојран на вкупна површина од 50.000м2. Со соодветна механизација, ангажирана од страна на ЈПКД Комуналец-Полин, се работи на расчистување на двете составни депонии на депонија Карач – Голема Депонија и Мала Депонија, како и на расчистување на самиот пристапен пат до истите. Со акцијата е предвидено затрупување на целиот смет од депонијата во ров, порамнување на депонијата, како и правење на тампон зона од 20м околу депонијата како превенција од нејзино запалување.
20.08.2021
Повеќе
Почитувани,
Ве известуваме дека денес (05.08.2021 година) водоснабдувањето во Нов Дојран ќе биде прекинато поради дефект на главната водоводна линија настанат на улицата Едвард Кардељ. Прекинот се очекува да трае до 16:00 часот.
05.08.2021
Повеќе
Почитувани, Ви го честитаме празникот со големо историско значење за македонскиот народ - Честит Илинден!
За многу години!
02.08.2021
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека дефектот на главната водоводна линија е саниран и дека водата е пуштена. Водоснабдувањето ќе биде за кратко време нормализирано во сите делови на Стар Дојран. Им благодариме на сите што имаа трпение и разбирање за настанатата ситуација.
29.07.2021
Повеќе