20.08.2021 00:22:00
Расчистување и порамнување на депонија „Карач“
Во тек е акција за расчистување и порамнување на депонијата „Карач“ во Стар Дојран на вкупна површина од 50.000м2. Со соодветна механизација, ангажирана од страна на ЈПКД Комуналец-Полин, се работи на расчистување на двете составни депонии на депонија Карач – Голема Депонија и Мала Депонија, како и на расчистување на самиот пристапен пат до истите. Со акцијата е предвидено затрупување на целиот смет од депонијата во ров, порамнување на депонијата, како и правење на тампон зона од 20м околу депонијата како превенција од нејзино запалување.
На 21 луѓе и се допаѓа ова