Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Изведба на секундарна канализациона линија на ул. „Нова“ во Нов Дојран
18.10.2019
Повеќе
Покрај секојдневните редовни активности, во текот на месец септември екипите на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" беа поинтензивно ангажирани околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Беше извршена акција за чистење на каналот за атмосферски води во Нов Дојран, каде што беа отстранети наталожениот смет и останатите фрлени отпадоци. Заради поголема прегледност на возачите, искосена е тревата покрај рекреативно пешачката патека помеѓу Стар и Нов Дојран, а со помош на возило на кое има приклучено косачка исечени се гранките и трњата покрај истата. Исто така, беше извршена интервенција на улицата над паркот во Нов Дојран, при што е саниран дефект на водоводната мрежа. Согласно потребите на граѓаните и поради одржување на квалитетот на јавната чистота беа поставени и нови контејнери на повеќе локации. Со цел за поефективно собирање на паднатите лисја во есенскиот период што следува, набавена е и нова смукалка за собирање на лисја и ситни отпадоци наменета за употреба по јавните површини. Екипите на ЈПКД ,,Комуналец- Полин" ќе продолжат и понатаму со сите потребни активности со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во општина Дојран.
08.10.2019
Повеќе
Ве известуваме дека на ден 30.09.2019 (Понеделник) поради дефект на водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран. Екипите на ЈПКД "Комуналец-Полин,, се на терен и работат на санирање на истиот. Се очекува прекинот да биде саниран најкасно до 13:00 часот.
30.09.2019
Повеќе
Изведба на атмосферски канал на ул. „Христијан Т. Карпош“ во Стар Дојран.
23.09.2019
Повеќе
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2019 За засновање работен однос на неопределено време На следните работни места: 1.1. Назив: Метач - 1 извршител; 1.2. Назив: Метач - 1 извршител; 1.3. Назив: Водоинсталатер - 1 извршител; 1.4. Назив: Водоинсталатер - 1 извршител; 1.5. Назив: Одржувач инкасант по села - 1 извршител; 2.1. Назив: Машинист на пумпи и резервоари - 1 извршител
18.09.2019
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 18.09.2019 (Среда) поради неопходни работни активности ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран. Прекинот ќе трае до 12:00 часот.
18.09.2019
Повеќе
Почитувани, Ве известуваме дека на ден 17.09.2019 поради дефект на главната водоводна линија без вода ќе останат корисниците од село Фурка. Се очекува дефектот да биде саниран најкасно до 18:00 часот. Ви благодариме за разбирањето.
17.09.2019
Повеќе
Почитувани, Ве известуваме дека на ден 08.08.2019 поради дефект во водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето во Стар Дојран. Се очекува дефектот да биде саниран најкасно до 11:00 часот. Ви благодариме за разбирањето.
08.08.2019
Повеќе
Почитувани, Ве известуваме дека на ден 29.07.2019 година во периодот од 11:00-12:30 часот поради неопходни работни активности ќе има прекин на водоснабдувањето во Стар Дојран. Ви благодариме за разбирањето.
29.07.2019
Повеќе
Почитувани, Ве известуваме дека на ден 10.07.2019 година во периодот од 7:30-11:00 часот поради неопходни работни активности ќе има прекин на водоснабдувањето во Стар Дојран. Ви благодариме за разбирањето.
10.07.2019
Повеќе