14.11.2019 19:01:00
Јавен оглас за засновање работен однос на неопределено време
ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2019 За засновање работен однос на неопределено време На следните работни места: 1.1. Назив: Метач - 1 извршител; Со шифра КДР 0305 В02 020 , во Одделение за собирање,транспортирање и депонирање на отпад. Опис на работно место: Рачно и машинско метење на јавните прометни површини,собирање хартија,празнење на корпи,чистење околу контењерите и депонирање на сметот на определеното место. Посебни услови: - стекнато најмалку ниво на квалификации I, или основно образование - со или без работно искуство во струката. Паричен износ на Нето плата: 13.500,00 denari. Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно ,понеделник-петок. НАПОМЕНА: Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување на ЈПКД „ Комуналец-Полин„ Стар Дојран за 2019 година е Србин(ка) 1. 1.2. Назив: Водоинсталатер - 1 извршител; Со шифра КДР 0305 В01 004, во Одделение за водовод и канализација. Опис на работно место: Управува при санација на дефекти на водоводната мрежа,изработува нови приклучоци,монтирање нова водоводна мрежа и реконструкција на веќе постоечаката водоводна мрежа. Посебни услови: - стекнато најмалку ниво на квалификации I, или основно образование - најмалку една година работно искуство за ниво В1 Паричен износ на Нето плата: 13.750,00 денари. Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно ,понеделник-петок. НАПОМЕНА: Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување на ЈПКД Комуналец-Полин„ Стар Дојран за 2019 година е Турчин(ка) 1.
На 0 луѓе и се допаѓа ова