Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Бетонирање на улица „11 Октомври“ во Стар Дојран
27.12.2019
Повеќе
Екипите на ЈПКД Комуналец-Полин повторно спроведоа акција за чистење на малата дива депонија на ул. „Едврад Кардељ“ во Нов Дојран создадена од страна на несовесни граѓани. Од депонијата се подигнати големи количини на градежен шут, електрични апарати и зелен отпад. Ова не е прв пат да се интервенира на истата локација и затоа апелираме до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.
18.12.2019
Повеќе
Реконструкција на ул. „Јане Сандански“, Нов Дојран
17.12.2019
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека поради дефект на главната водоводна линија денес без вода останаа жителите од населеното место Фурка. Проблемот ќе биде решен и во текот на утрешниот ден ќе продолжи водоснабдувањето.
15.12.2019
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека на ден 05.12.2019 (четврток) поради неопходни работни активности ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран. Прекинот ќе трае до 12:00 часот.
05.12.2019
Повеќе
Согласно потребите на граѓаните, екипите на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" и во текот на месецот што изминува продолжија со своите работни активности. Извршени се повеќе интервенции на повеќе локации. Беше саниран дефект на главната водоводна линија на ул. ,,Едвард Кардељ" во Нов Дојран и саниран дефект на водоводната линија на локација Депонија, населба Карач.
Еден од најголемите проблеми со кој се соочивме месецов беше проблемот со водоснабдувањето во Стар Дојран. Тоа беше решено така што беа ставени во функција препумпната станица Караула која се наоѓа во населбата Калдрма во Нов Дојран со пумпен агрегат со јачина од 22 киловати и водоводната линија што води од Нов кон Стар Дојран за одведување на дополнителна количина на пивка вода во резервоарот над бунарското подрачје Деребаш за потребите на населението во Стар Дојран. Истата линија беше во прекин повеќе години и со нејзино ставање во функција се обезбедени дополнителни 20 до 22 литри во секунда со што сите населби во Стар Дојран вклучувајќи ја и високата зона добија континуирано водоснабдување.
Исто така, беа извршени работни активности за поставување на нова водоводна линија во должина од 85м на локација пред oсновното училиште Кочо Рацин во Нов Дојран и беше даден приклучок на новоизградената спортска сала веднаш до училиштето.
29.11.2019
Повеќе
ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2019
За засновање работен однос на неопределено време
На следните работни места:
1.1. Назив: Метач - 1 извршител;
Со шифра КДР 0305 В02 020 , во Одделение за собирање,транспортирање и депонирање на
отпад.
Опис на работно место: Рачно и машинско метење на јавните прометни површини,собирање хартија,празнење на корпи,чистење околу контењерите и депонирање на сметот на определеното место.
Посебни услови:
- стекнато најмалку ниво на квалификации I, или основно образование
- со или без работно искуство во струката.
Паричен износ на Нето плата: 13.500,00 denari.
Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно ,понеделник-петок.
НАПОМЕНА: Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување на ЈПКД „
Комуналец-Полин„ Стар Дојран за 2019 година е Србин(ка) 1.
1.2. Назив: Водоинсталатер - 1 извршител;
Со шифра КДР 0305 В01 004, во Одделение за водовод и канализација.
Опис на работно место: Управува при санација на дефекти на водоводната мрежа,изработува нови приклучоци,монтирање нова водоводна мрежа и реконструкција на веќе постоечаката водоводна мрежа.
Посебни услови:
- стекнато најмалку ниво на квалификации I, или основно образование
- најмалку една година работно искуство за ниво В1
Паричен износ на Нето плата: 13.750,00 денари.
Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно ,понеделник-петок.
НАПОМЕНА: Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување на ЈПКД
Комуналец-Полин„ Стар Дојран за 2019 година е Турчин(ка) 1.
14.11.2019
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 14.11.2019 (четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран поради настанат проблем со пумпниот агрегат на Топлец. Екипите се на терен и работат интензивно на справување со истиот.
14.11.2019
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 09.11.2019 (сабота) поради проблем со пумпниот агрегат на Деребаш ќе има прекин на водоснабдувањето во Стар Дојран. Прекинот ќе започне од 11:00 часот. Екипите на ЈПКД Комуналец се веќе излезени на терен и работат на санирање на дефектот.
09.11.2019
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 29.10.2019 (вторник) поради неопходни работни активности ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран. Прекинот ќе трае до 11:00 часот.
29.10.2019
Повеќе