Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп на движни ствари со надомест за период од 5 (пет) години сметано од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.
Краен рок за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е 31.07.2020 година.
Повикот трае почнувајќи од 21.07.2020 год.(вторник) до 31.07.2020 год.(петок).
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страната http://www.e-stvari.mk на ден 05.08.2020 год.(среда) во 10:00 часот.
22.07.2020
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека денес 17.07.2020 (петок) во Нов Дојран ќе биде прекинато водоснабдувањето поради замена на вентили како дел од тековното одржување на водоводната мрежа. Прекинот ќе започне од 08:30 часот и ќе трае најкасно до 12:00 часот.
17.07.2020
Повеќе
Почитувани корисници, од вчера вечерта се почна со поставување на нова пумпа за водоснабдување на бунарско подрачје Деребаш на поголема длабочина со цел стабилизирање на водоснабдувањето за жителите од Стар Дојран. Со ова ќе се добие поголема количина на вода која ќе ги задоволи зголемените потреби во тек на летната сезона.
Ве молиме за трпение уште денеска и се надеваме дека во текот на попладневните часови сите делови од Стар Дојран ќе добијат константен притисок на вода. Уште еднаш, благодарност за Вашето трпение.
30.06.2020
Повеќе
Во изминативе денови ЈПКД Комуналец-Полин спроведе дел активности како почеток на подготовките за претстојната туристичка сезона. Се започнува со расчистување и порамнување на плажите. Просторот околу пешачката патека од Нов до Стар Дојран обраснат со треви и жбунови е расчистен. Се уредуваат жардинериите на шеталиштето во Стар Дојран и се посадени нови цвеќиња во истите. Изведена е и нова секундарна канализациона мрежа во должина од околу 70м на улицата „Кочо Рацин“ во Сретеново, Стар Дојран.
05.06.2020
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека денес 02.06.2020 (вторник), поради дефект на водоводната мрежа ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран. Прекинот ќе започне од 08:00 часот и ќе трае најкасно до 12:00 часот.
02.06.2020
Повеќе
Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп на движни ствари со надомест за период од 5 (пет) години сметано од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.
Повикот трае почнувајќи од 29.05.2020 год.(петок) до 08.06.2020 год.(понеделник).
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страната http://www.e-stvari.mk на ден 12.06.2020 год.(петок) во 10:00 часот.
29.05.2020
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека денес 11.05.2020 (понеделник) поради дефект на главната водоводна линија без вода ќе бидат жителите на Стар Дојран и Нов Дојран. Прекинот ќе започне од 07:30 часот и ќе трае до 16:00 часот.
11.05.2020
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека на ден 28.04.2020 (вторник), ќе биде прекинато водоснабдувањето во Стар Дојран поради тековно одржување. Прекинот ќе започне од 09:30 часот и ќе трае најкасно до 13:00 часот.
28.04.2020
Повеќе
Ви го честитаме најголемиот христијански празник и ви посакуваме многу здравје, радост, успех и слога.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!
19.04.2020
Повеќе
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека на ден 13.04.2020 (понеделник) ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран поради дефект на главната водоводна линија. Нашите екипи се на терен и интензивно ќе работат на отстранување на истиот. Прекинот ќе започне од 12:00 часот и ќе трае се до завршувањето на работите.
13.04.2020
Повеќе