29.11.2019 17:53:00
Ноемвриски активности на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" Стар Дојран
Согласно потребите на граѓаните, екипите на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" и во текот на месецот што изминува продолжија со своите работни активности. Извршени се повеќе интервенции на повеќе локации. Беше саниран дефект на главната водоводна линија на ул. ,,Едвард Кардељ" во Нов Дојран и саниран дефект на водоводната линија на локација Депонија, населба Карач. Еден од најголемите проблеми со кој се соочивме месецов беше проблемот со водоснабдувањето во Стар Дојран. Тоа беше решено така што беа ставени во функција препумпната станица Караула која се наоѓа во населбата Калдрма во Нов Дојран со пумпен агрегат со јачина од 22 киловати и водоводната линија што води од Нов кон Стар Дојран за одведување на дополнителна количина на пивка вода во резервоарот над бунарското подрачје Деребаш за потребите на населението во Стар Дојран. Истата линија беше во прекин повеќе години и со нејзино ставање во функција се обезбедени дополнителни 20 до 22 литри во секунда со што сите населби во Стар Дојран вклучувајќи ја и високата зона добија континуирано водоснабдување. Исто така, беа извршени работни активности за поставување на нова водоводна линија во должина од 85м на локација пред oсновното училиште Кочо Рацин во Нов Дојран и беше даден приклучок на новоизградената спортска сала веднаш до училиштето.
На 7 луѓе и се допаѓа ова