Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Селектирање на отпад
"Селектирај отпад" е општествено одговорна апликација и проект за собирање на селектираниот отпад директно од домаќинствата. Поддржувајќи ја оваа иницијатива, наша цел е да ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат во селектирањето на отпадот за да се унапреди квалитетот на животната средина во општина Дојран. Селектирај Отпад е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на селектирање и собирање на отпадот директно од вашиот дом, а која нуди можност и за личен паричен бенефит од својата акција. Сите оние кои се ентузијасти и кои сакаат да направат позитивен импакт врз животната средина и да придонесат во унапредување на третирањето на отпадот во општина Дојран ги повикуваме да се вклучат во селектирање на хартија, пластика и лименки. Секој граѓанин кој сака да се вклучи во оваа иницијатива, тоа може да го направи во неколку чекори: 1. Подигнувате специјални ќеси за отпад од ЈПКД "Комуналец - Полин Дојран" (сина за хартија, а жолта за пластика и лименки), 2. Правилно ги полните ќесите со селектиран отпад, 3. Го скенирате QR кодот кога ќесата ќе биде полна. 4. Закажете термин преку апликацијата за да ги предадете ќесите на собирачот кој доаѓа директно пред вашиот дом. 5. Вторник е денот за предавање на пластиката односно жолтите ќеси, во четврток се предава хартијата односно сина ќеса. 6. Штом ќесите се полни со селектиран отпад и скенирани преку апликацијата Селектирај отпад, во одредениот ден оставете ја полната ќеса до вашите канти за отпад или на соодветно место надвор од дворното место за да може да биде подигната од страна на вработените во комуналното претпријатие. Апликацијата можете да ја симните од PlayStore и AppStore, а сите информации и новости можете да ги дознавате преку facebook страната @Selektiraj Otpad.
07.02.2024 Повеќе
На 3 луѓе и се допаѓа ова
Започнување со активности за реализација на Проектот за санација и реконструкција на колекторскиот систем во општина Дојран
Денес официјално како дел од проектот за санација и реконструкција на колекторскиот систем започнаа активностите кои опфаќаат чистење на главната канализациона мрежа, односно темелно чистење на колектроските пумпни станици почнувајќи од пумпната станица број еден кај местото Мрдаја продолжувајќи се до главната колекторска станица во Нов Дојран.
31.10.2023 Повеќе
На 1 луѓе и се допаѓа ова
Известување
Ве известуваме дека поради акцијата за делумно расчистување на џбунеста вегетација (трње, диви капини и др.) покрај патеката за пешачење од Стар Дојран до Нов Дојран, како и потребата за влез на возилото за изведување на самата интервенција, клупите се привремено отстранети. Во меѓувреме, додека трае расчистувањето на патеката, клупите ќе бидат поправени, реставрирани, исфарбани и вратени на истото место каде што граѓаните ќе можат да одмараат.
30.05.2023 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Известување
ЈПКД „Комуналец-Полин“ Стар Дојран започнува со активности за откривање на непријавени водоводни приклучоци на водоснабдителниот систем и откривање на манипулации со водомерите и приклучоците од водомерните шахти од страна на корисниците на услугите кои имаат водоводен приклучок со водомерна шахта и водомер. Ги повикуваме сите корисници на услуги на водоснабдителниот систем кои имаат непријавен приклучок и неисправен водомер во рок од 15 дена да поднесат барање за приклучок на водоснабдителниот систем и барање за поставување на исправен водомер до ЈПКД „Комуналец-Полин „ Стар Дојран, во спротивно за сите случаи што ќе бидат откриени од овластените лица на ЈПКД „Комуналец-Полин“ Стар Дојран ќе бидат превземени понатамошни дејствија согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води.
22.05.2023 Повеќе
На 4 луѓе и се допаѓа ова
Известување
Ве известуваме дека прекинот на водоснабдувањето во Нов Дојран е поради настанат дефект на главната водоводна линија и ќе трае до негово санирање, најкасно до 14:00 часот.
16.01.2023 Повеќе
На 1 луѓе и се допаѓа ова
Известување
Почитувани, Ги известуваме жителите од Нов Дојран дека ќе има промена во распоредот на подигање на комунален отпад од домаќинствата. Наместо во петок 06.01.2023, сметот ќе биде подигнат утре 05.01.2023 четврток. Ви посакуваме убави празнични денови.
05.01.2023 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека поради настанат дефект, денес 17.08.2022 (среда) во периодот од 08:00 до 13:00 часот во Стар Дојран ќе биде прекинато водоснабдувањето.
16.08.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран
Почитувани, Ве известуваме дека денес 28.07.2022 година, во периодот од 7:30 до 11:30 часот во Стар Дојран ќе биде прекинато водоснабдувањето.
27.07.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Известување
Почитувани корисници, Ве известуваме дека утре 07.07.2022 година (четврток) поради изведба на технички зафати на бунарско подрачје Деребаш во Стар Дојран се очекува намалување на притисокот на водата во пониските делови, како и можен прекин на водоснабдувањето во повисоките делови од Стар Дојран во периодот од 12:00 до 18:00 часот.
07.07.2022 Повеќе
На 1 луѓе и се допаѓа ова
Известување
Почитувани корисници, Ве известуваме дека прекинот на испорака на вода во целото подрачје на Стар Дојран се должи на настанат дефект на главната водоводна линија. Во моментот се работи на отстранување на дефектот и се очекува водоснабдувањето да се нормализира во текот на вечерните часови.
30.06.2022 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова