28.06.2019 22:09:00
Редовно миење на пешачко-рекреативната патека во Стар Дојран
Во периодот на летната сезона кога секојдневно се бележи зголемување на бројот на туристи и посетители во Дојран, екипите на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" ќе вршат редовно миење и одржување на рекреативно-пешачката патека во Стар Дојран со цел да се подобри нивото на хигиената и јавната чистота.
На 4 луѓе и се допаѓа ова