Како да го користам Мој ЈПКД


1. На почетна страна кликнете на линкот „Мој ЈПКД“

2. Ќе се отвори страната за најава. Доколку имате регистрирано корисник внесете ѓи Вашите податоци за најава и кликнете на копчето „Најави ме“. Доколку сеуште немате регистрирано корисник кликнете на линкот „Регистрирај нов корисник“.

3. По успешна најава ќе се отвори почетната страна од „Мој ЈПКД“. Во горниот дел се прикажани Вашите податоци и вкупниот отворен долг. Под овие податоци е прикажана листа од сите сметки. При првата најава листата на сметки е празна и треба да почекате извесен период за да се појават сметките.

4. За секоја сметка можете да видите детали, да ја превземете и да ја платите.

5. За да превземете сметка или да видите повеќе детали, кликнете на линкот „Преглед“.

6. За да платите сметка, кликнете на линкот „Плати“. Овој линк е достапен само за сметките кои не се платени.

7. Со клик на линкот „Плати“ ќе се отвори страна на која ќе се прикажат детали за уплатата која треба да ја направите. Кликнете на копчето „Плати“.

8. Ќе бидете пренасочени на системот за плаќање CaSys, каде треба да внесете податоци од Вашата картичка за плаќање. Внесете ѓи точните податоци и кликнете на копчето „Потврди“ или „Продолжи“.

9. Ќе се покаже форма за потврда на внесените податоци. Кликнете на копчето „Потврди“ за да направите уплата.

10. CaSys системот ќе почне со процесирање на Вашата уплата и ќе појави неколку пораки за процесот. Оставете пораките да поминат без да кликате никаде. Кога процесот ќе заврши ќе бидете вратени на нашата страна. Доколку плаќањето е успешно ќе ја добиете следната порака:

11. Доколку плаќањето НЕ е успешно ќе ја добиете следната порака:

12. За да се одјавите од системот кликнете на копчето „Одјави се“ кое се наоѓа на горниот десен агол од екранот.