Како да отворам нова корисничка сметка


1. На почетна страна кликнете на линкот „Мој ЈПКД“

2. Ќе се отвори страната за најава. За да регистрирате корисник, кликнете на линкот „Регистрирај нов корисник“. Доколку веќе имате регистрирано корисник внесете ѓи Вашите податоци за најава и кликнете на копчето „Најави ме“.

3. На страната за регистрација внесете ѓи Вашите податоци. Внесете точна емаил адреса бидејќи ќе Ви се прати емаил порака за потврда.

4. Кликнете на копчето „Регистрирај се“ и ќе ви се отвори следната страна со потврда:

5. Проверете го Вашиот емаил. Доколку немате добиено порака за потврда проверете во junk/spam или почекајте. Пораката има линк за потврда на кој треба да кликнете и ќе ви се отвори следната страна.

6. По успешна потврда вратете се на страната за најава и внесете ѓи Вашите податоци за најава.

7. Ќе се отвори страна за комплетирање на регистрацијата каде треба да внесете податоци од некоја од последните сметки.

8. Доколку внесените податоци се совпаѓаат системот автоматски ќе ве одобри и ќе се отвори „Мој ЈПКД“. Доколку податоците не се совпаѓаат ќе треба да почекате на одобрување од наша страна. Во тој случај ќе се појави следната порака.