Како да управувам со мојата корисничка сметка
1. На почетна страна кликнете на линкот „Мој ЈПКД“
2. Ќе се отвори страната за најава. Доколку имате регистрирано корисник внесете ѓи Вашите податоци за најава и кликнете на копчето „Најави ме“. Доколку сеуште немате регистрирано корисник кликнете на линкот „Регистрирај нов корисник“.
3. По успешна најава ќе се отвори почетната страна од „Мој ЈПКД“. Во горното мени кликнете на линкот „Мој профил“.
4. Ќе се отвори страна за управување со Вашата корисничка сметка. На првата страна можете да ѓи промените Вашето име и презиме.
5. За да го промените Вашиот емаил, кликнете на линкот „Емаил“ кој се наоѓа на левата страна.
6. За да ја промените Вашата лозинка, кликнете на линкот „Лозинка“ кој се наоѓа на левата страна. На оваа страна треба да ја внесете тековната лозинка и новата лозинка.
7. За да ѓи превземете Вашите лични податоци или да ја избришете корисничката сметка, кликнете на линкот „Лични податоци“ кој се наоѓа на левата страна. Доколку ја избришете Вашата корисничка сметка, нема да можете повторно да ја вратите.
8. По промена на било кој дел од Вашата корисничка сметка, одјавете се и повторно најавете се.