01.11.2022 13:05:00
Уредување на паркови
По повод одбележување на претстојниот празник 5-ти Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, денес беше извршено темелно чистење и уредување на градскиот парк во Стар Дојран и градскиот парк во Нов Дојран. Беа посадени свежи цвеќиња пред спомен обележјата каде што секоја година традиционално се оддава почит на паднатите борци и херои.
На 0 луѓе и се допаѓа ова