07.02.2024 09:12:00
Селектирање на отпад
"Селектирај отпад" е општествено одговорна апликација и проект за собирање на селектираниот отпад директно од домаќинствата. Поддржувајќи ја оваа иницијатива, наша цел е да ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат во селектирањето на отпадот за да се унапреди квалитетот на животната средина во општина Дојран. Селектирај Отпад е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на селектирање и собирање на отпадот директно од вашиот дом, а која нуди можност и за личен паричен бенефит од својата акција. Сите оние кои се ентузијасти и кои сакаат да направат позитивен импакт врз животната средина и да придонесат во унапредување на третирањето на отпадот во општина Дојран ги повикуваме да се вклучат во селектирање на хартија, пластика и лименки. Секој граѓанин кој сака да се вклучи во оваа иницијатива, тоа може да го направи во неколку чекори: 1. Подигнувате специјални ќеси за отпад од ЈПКД "Комуналец - Полин Дојран" (сина за хартија, а жолта за пластика и лименки), 2. Правилно ги полните ќесите со селектиран отпад, 3. Го скенирате QR кодот кога ќесата ќе биде полна. 4. Закажете термин преку апликацијата за да ги предадете ќесите на собирачот кој доаѓа директно пред вашиот дом. 5. Вторник е денот за предавање на пластиката односно жолтите ќеси, во четврток се предава хартијата односно сина ќеса. 6. Штом ќесите се полни со селектиран отпад и скенирани преку апликацијата Селектирај отпад, во одредениот ден оставете ја полната ќеса до вашите канти за отпад или на соодветно место надвор од дворното место за да може да биде подигната од страна на вработените во комуналното претпријатие. Апликацијата можете да ја симните од PlayStore и AppStore, а сите информации и новости можете да ги дознавате преку facebook страната @Selektiraj Otpad.
На 2 луѓе и се допаѓа ова